Џошуа 8,5 килограми потежок до Усик пред утрешната пресметка (ВИДЕО)

Боксерскиот спектакл во саботата на стадионот Тотенхем во Лондон води до судир меѓу светскиот шампион Ентони Џошуа и Александар Усик.

Британскиот боксер кој го брани шампионските појаси на ИБФ, ВБО, и ВБА влегува во мечот осум ипол килограми потежок од ривалот од Украина.

Ентони тежеше 108,9 килограми, а Александар 100,2 кг.

Украинскиот борец е потежок два килограми отколку што беше на последниот меч против Дерек Чисора, додека Британецот остана на иста тежина како и против Кубрат Пулев.

Тежината и висината се на страната на Џошуа, а Усик е уверен дека поседува вештини што ќе бидат доволни за да му се спротивстави на светскиот шампион.

Одговорот ќе го добиеме во сабота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON