Џон Џонс откри кога сака да се врати и тоа со борба за првак

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Џон Џонс, се подготвува за своето деби во тешка категорија. Тој се појави во Лас Вегас деновиве каде што неговата прва борба против Александар Густафсон беше вклучена во Куќата на славните на УФЦ.

Во разговор потврди дека се уште се подготвува и сака да ја крене тежината од 115 на 123 килограми.

„Сакам да бидам технички најдобар и најсилен во тешка категорија. Тренирав десет недели пред борба, а сега за прв пат во кариерата тренирам постојано. Веќе сум способен за борба, но кога ќе ги завршам подготовките ќе бидам на уште повисоко ниво. Се чувствувам одлично, спијам подобро и јадам подобро. Може да се вратам во првата половина на следната година“, рече Џон Џонс и додаде:

„Сакам борба за титулата, сакам борба против најдобрите. Како може да се каже дека некој е ѕвезда и дека нема шампионски појас. Во моментов Нгану е најголемата ѕвезда и шампион, борбата против него е единственото нешто што сега ме интересира“.

„Боунс“ објасни и како ќе ги реши несогласувањата со раководството на УФЦ околу новиот договор.

„Дана Вајт ми гарантира поголема заработка кога ќе се вратам. Борбата ќе биде ППГ и треба некако да се грижам за моите пари. Досега, најважно би било да се фокусирам на борбата и да победам, а кога ќе се вратам како тешкаш, ќе сменам нешто во тоа“, рече Џон Џонс и заклучи:

„Одлично е што го ангажирав Ричард Шефер да ја води мојата кариера. Не одам повеќе на Твитер и не го напаѓам Дана, оставам се на Шефер, тој ги води сите разговори. Затоа сум добар со сите во моментов, а Шефер многу помогна во тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО