Џорџ Камбосос во пресрет на мечот против Девин Хени: Тоа беше удар под појасот

Австралискиот боксер Џорџ Камбосос Јуниор овој викенд на стадионот Марвел во Мелбурн за прв пат ги бранеше шампионските титули на ВБА, ВБО и ИБФ што ги освои минатиот ноември против Теофимo Лопез.

Камбосос (20-0, 10 КО) ќе боксира против американскиот шампион на ВБЦ, Девин Хени (27-0, 15 КО), а доколку победи и ги обедини титулите тогаш го очекуваат нови предизвици.

Но, ако го победи Хени, тогаш ќе се организира реванш за да се потврди дека е најдобар.

А линијата за напад на појасот е подолга, тука се Васили Ломаченко, Тенк Дејвис, Рајан Гарсија,…

Американски борец требаше да се бори со Ломаченко пред две години, а потоа изјави:

„Ниту еден белец нема да ме победи. Можам десет пати да се борам со белец и секој пат ќе го победам“.

Австралиецот потсети на изјавата на Хени на последната прес-конференција.

„Тоа беше удар под појасот, со таа изјава покажа колку не ги почитува луѓето. Можам да зборувам многу, но секогаш ќе имам почит кога станува збор за расата и религијата, не ги делам луѓето по бојата на кожата“, изјави Џорџ Камбосос Јуниор. и продолжи:

„Имам неколку пријатели Афро-американци и тие се едни од најдобрите луѓе што ги познавам. Мора да внимава што зборува, бидејќи ќе одговара за се што ќе каже. Кога ќе го удирам во глава во рингот, тогаш можеби ќе почне да не цени“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО