Џорџ Форман вели дека Вајлдер не е меѓу најдобрите удирачи: Не може да биде ни блиску до нив

Тешката категорија отсекогаш била најинтересна за боксерските навивачи, од фантастични борби до атрактивни нокаути.

Еден од оние кои ја одбележаа таа категорија беше Џорџ Форман, кој во текот на кариерата забележа 76 победи (во 68 победи со нокаут), а имаше и пет порази.

Биг Џорџ беше двократен светски шампион, а во 1968 година освои златен медал на Олимписките игри во Мексико Сити.

Дваесет години по неговото прво владеење, тој стана најстариот боксерски шампион во историјата. Во 1994 година Форман го нокаутира Мајкл Мурер во меч за титулите на ВБА и ИБФ.

Боксерската легенда неодамна размислуваше за силата на Дионтеј Вајлдер и истакна дека Бронзениот бомбардер не може да се вброи меѓу најдобрите удирачи.

„Добар е, но не се доближил до Џо Луис, Џо Фрејзер, Мајк Тајсон… Уште не ја достигнал нивната репутација – не може ни блиску до нив“, истакна Џорџ Форман и додаде:

„Мора да има настап како што имаше Мајк Тајсон против Тревор Бербик. Тогаш бев во Лас Вегас и бев сведок на тоа во живо и си помислив: „Тој човек е кошмар“! Така, кога Вајлдер ќе нокаутира некого како што му направи Тајсон на Бербик, тогаш ќе го ставам на таа листа. Но не сега! Вајлдер е добар борец, но не може да биде меѓу најдобрите на сите времиња“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО