Џони Вокер: Ќе го растргнам Магомед Анкалаев

Седмиот на ранг-листата на УФЦ во полутешка категорија Џони Вокер (21-7) е уверен дека во реваншот ќе го нокаутира второпласираниот, Русинот Магомед Анкалаев (18-1).

Борбата меѓу Анкалаев и Вокер беше прогласена за неважечка поради недоволен удар со колено на Русинот. Вокер во разговор со докторот рекол дека е во пустина и затоа докторот му рекол на судијата дека Вокер не може да ја продолжи борбата. Дуелот се одржа на 21 октомври во Абу Даби, ОАЕ.

УФЦ сега работи на втора борба меѓу нив што ќе се одржи пред крајот на годината. Џони е бесен и се заканува дека ќе го растргне Анкалаев.

„Ќе го сретнам повторно. Дај боже, што поскоро. Разговаравме дали можам да се вратам и да имам реванш со него. Сигурен сум дека ќе го испратам тој човек на Месечината. Нема да има разговори со него. Ќе го уништам, ќе го распарчам и ќе го избришам од историјата, затоа што е ѓубре.

Ќе му удрам добар ќотек. Лут сум затоа што во задникот ми удри недозволен удар. Требаше да биде дисквалификуван. Ќе се обидам да го нокаутирам. Ќе дадам се од себе, без сомнение. Веќе виде какво животно сум“, изјави Бразилецот за Аг Фајт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny Walker (@johnnywalker)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО