Џон Фјури за реваншот меѓу Усик и Дубоа: На тие години, тоа е невозможна мисија

Реваншот меѓу Александар Усик и Даниел Дубоа ќе се одржи следниот месец. Двајцата врвни борци 19 јули во борбата за новиот апсолутен шампион во тешка категорија ќе бидат главни ѕвезди на огромниот настан на Вембли.
Непоразениот Украинец Александар Усик пред една година го победи Тајсон Фјури и по 25 години ги обедини титулите во тешка категорија, за прв пат во ерата на четири појаси.
За да договори уште една борба со „Џипси Кинг“, украинскиот борец мораше да ја откаже титулата на ИБФ што му припадна на Даниел Дубоа.
Усик минатиот декември повторно го победи Фјури во дуел за титулите на ВБА (Супер), ВБЦ и ВБО, додека неколку месеци претходно Дубоа го нокаутира Ентони Џошуа и го одбрани шампионскиот појас на ИБФ.
Ова ќе биде втор пат Усик и Дубоа да се борат еден против друг, нивната прва борба се одржа во август 2023 година кога Украинецот со нокаут во деветата рунда го победи Британецот.
Џон Фјури, татко на поранешниот шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури, верува дека Дубоа има се што е потребно за да се реваншира и да победи против Усик.
„Мислам дека тоа е невозможна мисија за Усик, кој има 38 години. Дубоа дефинитивно може да победи. Тој е помлад, доволно силен и издржлив. Но, Усик е одличен техничар“, вели Џон Фјури и додава:
„Ќе видиме колку може да ги издржи нападите на Дубоа. Може ли Даниел да се исцрпи ако не го скрши отпорот на Усик? Не знам. Но, ако тоа не се случи, тогаш Усик го очекува тешка ноќ. Но, Усик е врвен. Боксот има свои нивоа, а тој е на врвот на мојата листа“!



