Џон Џонс возврати на прозивките на Аспинал: Знам многу борци кои требаше да бидат „следниот“

Привремениот шампион на УФЦ во тешка категорија, Том Аспинал, пред неколку недели изјави дека на Џон Џонс треба да му се одземе титулата, исто како што на повеќето борци им се одземаат појасите кога се сериозно повредени.

Англичанецот пред еден месец со нокаут за 69 секунди го победи Сергеј Павлович, а потоа повремено го прозиваше Боунс и бараше од УФЦ да се бори со Стипе Миочиќ за шампионскиот појас.

Џонс се повреди пред настанот УФЦ 295 во Њујорк, па мораше да го откаже мечот против Миочиќ за титулата освоена во март во дуелот со Сирил Гане.

Најверојатно Аспинал ќе почека додека да добие шанса да се бори за титулата, а во меѓувреме ќе го брани појасот на привремениот шампион.

Деновиве и Џон Џонс се наврати на изјавите на Аспинал и му рече:

„Со најтешките противници се борам 15 години. За време на подготвителниот камп за одбрана на титулата, за прв пат во кариерата бев тешко повреден и морав да одам на операција. Сега некои дебитанти бараат да ми го одземат појасот. Нула победи против легенди, нула одбрана на титулата, а тој веќе мисли дека може да му наредува на Дана Вајт. Урнебесно. Во текот на 15-те години од мојата кариера, познавам многу борци кои требаше да бидат ‘следни’. Но, има само еден Џон Џонс и не заборавајте го тоа“.

Том Аспинал веднаш одговори на пораката на Џонс:

„Во право си. Џон, извини“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Fighting (@mmafighting)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО