Џон Џонс се врати во салата и го почна кампот за Стипе Миочиќ

Џон Џонс се враќа во сала и го започнува тренинг кампот.

Живата легенда ги започна подготовките за борбата со Стипе Миочиќ. Тие требаше да се пресметаат минатата година во Њујорк. За жал, Џонс заработи повреда и се повлече од борбата. Тој беше опериран и се опоравуваше изминативе 6 месеци. Очигледно Џонс доби зелено светло да тренира и не губи време.

Во негово отсуство Том Аспинал ја освои привремената титула во тешка категорија. Том инсистираше да биде промовиран во неприкосновен шампион, но УФЦ не се согласи. Во реалноста, Џонс не ја бранел титулата откако ја освои против Сирил Гане во март 2023 година. На својот профил на социјалните мрежи Џонс покажа фотографија од салата и изјави дека се чувствува неверојатно:

„Прв пат во сала по повредата. Чувството е неверојатно. Започна се“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bony (@jonnybones)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО