Џон Џонс порача: Сакам да го победам Стипе и ништо друго не ми треба

Еден од најдобрите ММА борци во историјата, Џон Џонс, требаше да се бори со Стипе Миочиќ минатиот ноември, но неколку недели пред настанот го повреди рамото и заврши на операција.

Шампионот на УФЦ во тешка категорија Боунс пред неколку дена откри дека морал да оди на нова операција на левиот лакт.

Сега мора да оди на рехабилитација и да се врати на тренинзите за подобро да се подготви за најголемиот предизвик во кариерата и борбата против најголемиот тешкаш во УФЦ, Миочиќ.

Последниве неколку дена на социјалните мрежи повторно се најде привремениот шампион Том Аспинал кој бара борба за појасот, но ништо нема од тоа. Раководството на промоцијата сака меч меѓу Џонс и Миочиќ.

А шампионот во тешка категорија во последните објави на Х навести дека мечот против Стипе може да биде последен во неговата кариера.

„Не сакам да бидам еден од тие борци, а има многу такви кои предолго остануваат во спортот. Тоа нема да се случи. Вашето момче Боунс Џонс, и покрај тоа што многумина мислат, е добро осигуран до крајот на својот живот. Сакам да го победам Стипе и ништо друго не ми треба“, напиша Џон Џонс, а на прашањето „дали по оваа борба ќе се пензионира?“ одговори:

„Не го кажав тоа, туку дека целта ми е да се вратам и да го победам Стипе по две различни повреди. Двајцата се согласивме на огромни договори, а победата за кој било од нас ќе биде огромна. Том Аспинал изгледа како добар борец во моментов, но победата против него ја нема таа вредност за моето наследство. Вистина е. Многумина од вас не знаат што се случува зад сцената. Не можеш да стигнеш до нивото до кое стигнавме јас и Стипе, ако не ја разбираш деловната страна на сето тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО