Усик претстави необичен начин на тренирање, навивачите загрижени: Се обидуваш ли да се повредиш за да го откажеш мечот? (ВИДЕО)

Обединетиот светски шампион во тешка категорија Александар Усик се подготвува за својот најтежок тест досега бидејќи се обидува да стане првиот неприкосновен носител на титулата во дивизијата од почетокот на ерата на четири појаси.

Како што видовме од Украинецот во минатото, тој се одлучи да користи некои неконвенционални методи на тренирање за да се подготви за борба со Тајсон Фјури.

Усик преку социјалните мрежи презентираше мал дел од своите физички подготовки. Украинецот демонстрираше необичен начин на тренирање каде користи два кетбела во исто време. Усик всушност го изведува таканаречениот руски замав, но со секое замавнување го фрла кетлбелот во воздух. Покрај физичката и кондицијата, Усик има и добра координација, но навивачите не се премногу ентузијасти за неговиот тренинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usyk. The Cat. Oleksandr (@usykaa)

„Бараш ли начин да се повредиш за да го откажеш мечот?

„Само чекаме повреда поради овој тип на тренинзи“.

„Нема да биде доволно, тој не може да се справи со удар во телото. Фјури ќе го нокаутира“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО