Џон Џонс: По таква кариера во ММА, сè уште имам желба да се натпреварувам

Поранешниот двократен шампион на УФЦ во тешка категорија (120 кг) и полутешка категорија (93 кг), Џон Џонс (38), јасно стави до знаење дека нема намера да ја затвори страницата со MMA, и покрај огромното наследство што веќе го остави во спортот.
Американецот уште еднаш ја нагласи својата желба да се бори на единствената гала што УФЦ планира да ја организира во јуни 2026 година во Белата куќа.
„MMA ми даде сè што имам денес. Го промени мојот живот и животот на моето семејство засекогаш. Сега секоја нова победа е само бонус. Благодарен сум што по толку долга кариера сè уште имам желба да се натпреварувам“, напиша Џонс на социјалните мрежи.
Тој додаде дека никогаш не престанал да ги следи своите цели:
„Нема гаранции дека ќе го остварам мојот сон, но сè уште се стремам кон него. Премногу луѓе се откажуваат од своите соништа, а потоа го обвинуваат светот и оние што продолжуваат да се движат напред. Продолжете да се борите“.



