Чендлер: Со задоволство би го удрил Мек Грегор во Белата куќа

Поранешниот предизвикувач за титулата во лесна категорија на УФЦ, Мајкл Чендлер, продолжува да инсистира на борба со Конор Мек Грегор – овој пат на историската гала што организацијата планира да ја одржи во Белата куќа во јуни 2026 година.
37-годишниот Ирец сè уште не потврдил дали ќе се врати во октагонот, но Чендлер јасно стави до знаење дека очекува и сака таков судир.
„Ако Конор одлучи да не се врати, му посакувам се најдобро и ќе го поддржам што и да избере. Но, ако се врати во кафезот – би бил среќен да му се спротивставам во центарот на октагонот во Белата куќа“, рече Чендлер за Ред корнер ММА.
Двајцата веќе имаат историја како ривали во реалното шоу Ултимејт фајтер, што ја прави нивната можна средба уште поочекувана. Ако стане факт, оваа борба несомнено ќе биде меѓу најгледаните во историјата на спортот.



