Џон Џонс му порача на Хабиб: Привремено ти го отстапувам првото место на ранг-листата

Живата легенда Џон Џонс на социјалните мрежи изјави дека се откажува од првото место на ранг-листата на П4П – паунд фор паунд. „Коски“ напиша дека привремено му е отстапена на неговиот колега Хабиб Нурмагомедов, кој ја одбрани титула во Абу Даби. „Орелот“ го задуши Џастин Гејџи во втората рунда и го зголеми скорот на 29-0 во ММА.

Непоразениот борец од Дагестан објави дека се повлекува од спортот и дека никогаш повеќе нема да се бори затоа што тоа и го ветил на мајка му. 32-годишниот борец рече дека има само една молба до УФЦ, да го стави на првото место на П4П-листата, што официјално ќе го направи Хабиб најдобриот борец на светот. До денес, ова место беше окупирано од Џон Џонс, но тој е подготвен привремено да го отстапи.

„Ти го давам првото место на П4П ранг-листата додека не ја освојам титулата во тешка категорија. Уживај, шампионе!“, напиша Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО