Џон Џонс ја освои титулата ММА борец на годината на ЕСПН

ЕСПН неодамна ја објави листата на кандидати за наградата ММА борец на годината, а меѓу нив се најде и Џон Џонс.

Еден од најдобрите борци во историјата во март се врати во октагонот по тригодишна пауза, победувајќи го Сирил Гане со принуда во првата рунда и го освои шампионскиот појас на УФЦ во тешка категорија.

Таа една борба беше доволна за Боунс да влезе во конкуренција за наградата, што предизвика многу коментари, а меѓу нив беше и мислењето на поранешниот шампион, сега коментатор на УФЦ, Даниел Кормиер.

„Не знам дали може да добие место меѓу кандидатите за наградата само со победата против Сирил Гане. Тоа беше само една борба. Треба да знаете што направиле другите спортисти, каква е нивната приказна“, рече Даниел Кормиер и додаде:

„Махачев ги победи Оливеира и Волкановски, Аманда го загуби појасот од Јулијана, а потоа повторно го освои. Леон Едвардс направи одлични работи. Но, Џон Џонс е меѓу нив, бидејќи тој е најголемата ѕвезда и би можел да победи“.

Предвидувањето на Кормиер се покажа точно. Имено, Џон Џонс победи во изборот на ЕСПН за најдобар борец на годината.

Доделувањето на наградата е во среда, а Џон Аник за време на настанот УФЦ 290 откри дека наградата ќе му биде врачена на актуелниот шампион во тешка категорија.

Во конкуренција беа и Леон Едвардс, Ислам Махачев и Аманда Нунеш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON