Џон Џонс е уапсен

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Џон Џонс (26-1-1) е уапсен уште еднаш во САД. Борецот е обвинет за семејно насилство и оштетување возила во Лас Вегас, Невада.

Џонс е уапсен во петокот рано наутро.

Американските медиуми откриваат дека полицијата добила повик за кривично дело во познатиот хотел „Цезар палас“ околу 6 часот.

Полицијата реагирала, а причината за апсењето најверојатно е вандализам на Џонс кон автомобил, како и шлаканица по лицето на неговата девојка.

Ова не е прва ваква акција на поранешниот шампион број 1 во полутешка категорија во УФЦ.

Потсетуваме, пред една година Џонс беше фатен од полицијата бидејќи возел во алкохолизирана состојба. И во 2012 година имаше сличен прекршок, кога пијан удри во столб. Во 2015 година шампионот помина на црвено светло на семафор и удри во два автомобили, предизвикувајќи несреќа.

Џон Џонс денеска треба да се појави на суд. Исто така, треба да плати кауција од 8.000 долари (5.000 долари за оштетување на автомобил и 3.000 долари за насилство на жената).

Импресивната ММА кариера на Џонс не беше придружена со таква во неговиот личен живот. Борецот нема пораз во октагонот и неговиот единствен пораз се должи на дисквалификација.

Тој ги победи сите во полутешка категорија и веќе некое време се подготвува за дебито во најтешката категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО