Волкановски и Ортега го поминаа мерењето (ВИДЕО)

Се чини дека на УФЦ 266 се најде сериозна група борци и воинки на едно место.

Официјалното мерење на настанот УФЦ 266 што ќе се одржи викендов, предводен од две борби за титулите на УФЦ беше направено многу брзо и ефикасно. На програмата има вкупно 13 борби, односно 26 борци застанаа на вагата. Она што е добра вест е фактот дека апсолутно сите беа успешни. Немаше драма, немаше долго чекање или повторен обид.

Александар Волкановски дури остана 250 грама под границата од 66 килограми, а по него Брајан Ортега изненади уште повеќе останувајќи половина килограм подолу. Тоа е само доказ дека ниту еден од нив немал тежок процес за слабеење.

Половина килограм под нејзината граница беше и Валентина Шевченко.

Очекувано, немаше проблеми ниту со Роби Лоулер, по промената на категоријата во борбата против Ник Дијаз, додека Картис Блејдес ќе влезе во дуелот во тешка категорија против Жаирзињо Розенструник потежок за околу два килограми.

Новиот хит борец од Србија, Урош Медиќ, успешно ја заврши на мерењето во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО