Џон Џонс е голем фаворит на средбата со Стипе Миочиќ

Обложувалниците цврсто стојат зад Џон Џонс во претстојната борба со Стипе Миочиќ.

Двете легенди ќе се судрат во главната борба на настанот УФЦ 309 кој ќе се одржи на 16 ноември во Медисон сквер гарден, Њујорк. Ова е борба која љубителите на ММА ја чекаат повеќе од една година. Борбата меѓу Стипе и Џон првично требаше да се случи во ноември 2023 година.

За жал, „Коски“ заработи повреда и мораше да оди на операција. Неговото опоравување траеше 8 месеци, по што објави дека тренира за Миочиќ. Се очекува борбата да биде последна во кариерата на Џонс, како и на Миочиќ. Тие двајца се меѓу најголемите легенди на УФЦ и нивната борба ќе биде историска.

Ако им веруваме на коефицинетите, тогаш Џонс лесно ќе се справи со Миочиќ:

Коефициент за победа на Џон Џонс – 1,25

Коефициент за победа на Стипе Миочиќ – 4,00

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P U N C H E R ™ (@mmapuncher_tm)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО