Тешкашот Џо Џојс беше голем фаворит во мечот против Жилеј Жанг, но Кинезот се покажа како прежилав.
Жанг победи со прекин во шестата рунда, откако му нанесе голема штета на Џојс, затворајќи му го десното око.
Имено, докторот влезе во рингот и откако го прегледа не му дозволи на Џо да ја продолжи борбата.
„Разочаран сум од настапот. Жанг постојано ме удираше со левата рака и не можев да избегам. Тоа беше добра борба и мислам дека можев подобро. Одамна не сум се борел со борец со контрагард. Сакам да им се извинам на фановите“, рече Џо Џојс и додаде:
„Треба уште да тренирам. Жанг е и сребрен олимписки медалист. Тој е добар борец и има силен удар. Тоа беше пречката на која се сопнав. Сè уште не сум го завршил моето патување. Се враќам“.