Дана Вајт откри кога треба да се борат Миочиќ и Џонс

Еден од најдобрите ММА борци, Џон Џонс, во своето деби во март, го победи Сирил Гане со завршница во првата рунда и го прозва Стипе Миочиќ.

Американско-хрватскиот борец веќе подолго време сака да се бори во јули, но УФЦ потврди дека УФЦ 290 ќе биде главен меч за титулата во перо категорија меѓу Александар Волкановски и Јаир Родригез.

Претседателот на УФЦ, Дајна Вајт, на прес-конференцијата изјави дека борбата меѓу Миочиќ и Џонс треба да се одржи во ноември во Медисон сквер гарден.

„Џон не исчезна, тој се враќа. Се е претворено во драма, а таа ја нема. Наскоро ќе имаме пресметка меѓу Миочиќ и Џонс“, потврди Дана Вајт, и додаде дека таа треба да се одржи во ноември во Њујорк.

А дека нивниот судир се планира да биде организиран во Големото јаболко потврди и Буонс во објава на Твитер.

„Колку би било кул да доминирате со најголемиот тешкаш на сите времиња и да те пратам во пензија во Медисон сквер гарден“, напиша Џон Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО