Џо Роган навистина не му верува на Конор Мек Грегор: Неговата урина ќе ја стопи чашата на УСАДА

Најголемата ѕвезда на УФЦ Конор Мек Грегор во последните месеци често на социјалните мрежи објавува фотографии и видеа од тренинзи, каде се пофали со својата фантастична фигура, на која доби дополнителна мускулна маса.

Славниот Ирец се уште се опоравува од операцијата и скршеницата на ногата на мечот против Дастин Пориер минатиот јули.

Озлогласениот неодамна изјави дека се враќа во протоколот на Американската антидопинг агенција (УСАДА), но само за неколку месеци.

Многу негови колеги неодамна го прозиваат Мек Грегор за користење нелегални средства, а во својата последна изјава, коментаторот на УФЦ Џо Роган се осврна на ова прашање.

„Постојано ја соблекува кошулата и позира. Мислам дека неговата мочка ќе ја стопи чашата на УСАДА. Сето тоа е чудно. Со УСАДА е можно да се напушти протоколот при кој можете да излезете од се и да се испрскате“, изјави Џо Роган и додаде:

„Неговата победа против Доналд Цероне беше значајна. Можеби се се случи поради неактивност, барем така изјави по натпреварот против Пориер. Ако не сте навикнати да се борите на високо ниво кога има многу работи во таквите борби, тогаш стресот е преголем. Многу е тешко да се биде надвор од спортот неколку години, а потоа веднаш да скокнеш на највисоко ниво.

Многумина се сомневаат дека е многу чудно што Конор успеал да добие мускулна маса без масно ткиво за толку кратко време. Тој најави враќање во октагонот, а има и такви кои не веруваат во тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО