Џинот Махмудов веќе е меѓу најдобрите во боксот

Северноосетиецот Арсламбек Махмудов висок 197 сантиметри „летна“ нагоре на неколку од најавторитетните рангирања во професионалниот бокс! Причината е неговата победа над Карлос Такам во борба од 10 рунди што се одржа пред 12 дена во Монтреал, Канада.

„Ѕвер од исток“ или „Лав“, како што се прекарите на Махмудов, сè уште не го знае „вкусот“ на поразот!

33-годишниот боксер сега е рангиран на 16. место на боксерската веб-страница „boxrec.com“.

Ова е рекорден пласман за Махмудов на ова рангирање. Победата во неговата последна борба во рингот исто така го стави во првите 6 од две други листи.

Гигантот од Русија веќе е број 5 на рангирањето на Светскиот боксерски совет – ВБЦ, а на Светската боксерска асоцијација – ВБА е 6-ти. Непосредно пред борбата со Такам, Арсламбек беше на 6-то, односно седмото место на ВБЦ и ВБА рангирањето, а не се најде во топ 25 на онаа на „boxrec.com“.

Арсламбек Махмудов има вкупен биланс од 15 победи на 15 натпревари. 14 од нив ги доби со нокаут! Ја има „сребрената“ титула на ВБЦ, како и титулите на Северноамериканската боксерска асоцијација и Северноамериканската боксерска федерација!

Неодамна се шпекулираше дека „Ѕверот од исток“ би можел да се соочи со „Џипси Кинг“ – Тајсон Фјури до крајот на следната година. Има ли шанси против непоразениот Англичанец, допрва ќе дознаеме!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON