Џесика Пен ја заврши Ковалкиевич во првата рунда (ВИДЕО)

Двете поранешни предизвикувачи за титулата во сламка категорија Џесика Пен и Каролина Ковалкевич имаа интересен меч на УФЦ 265 во Хјустон што заврши во последната минута од првата рунда во корист на Пен.

На почетокот на мечот си разменија удари. Ковалкевич ја удри Пен и битката се префрли на партер. Почнаа да се борат и се обидуваа да пнаправат завршница. Џсика и зададе добри удари на Ковалкиевич која очајно се обидуваше да направи клуч на ногата.

Пен успеа да имнаправи лост на рака на Ковалкевич и ја принуди да се предаде во последните секунди од рундата. Така Пен победи со принуда и влезе во серија од две последователни победи.

Ковалкевич влезе во серија од пет последователни порази, а победи само на две од последните девет борби во УФЦ. Ова речиси сигурно ќе биде нејзината последна борба во најголемата ММА организација.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО