Жозе Алдо се справи со Педро Муњоз за нов триумф

Легендата Хозе Алдо им се врати на победите во кафезот на УФЦ. 34-годишниот Бразилец го подели октагонот со Педро Муњоз во коглавната борба на УФЦ 265 во петел категоријата во Хјустон, Тексас, и славеше со поделена одлука.

Во првата рунда Муњоз се обиде со атрактивни сфрлување на удари со кои само трошеа енергија. Двајцата си разменија удари, но повеќето беа во корист на Бразилецот.

Втората беше доста изедначена, а Муњоз имаше добри моменти во неа. Алдо зададе неколку добри удари.

Во последната рунда Алдо го диктираше темпото на мечот и не му даде шанса на противникот. Педро повторно проба со атрактивни удари, но безуспешно. Жозе поентираше со удари и зададе неколку тешки крошеа на раскрававениот Муњоз.

На крајот, битката дојде до одлука што беше во корист на Алдо-(30-27, 30-27, 30-27). Со ововј триумф Жозе влегува во серија од две последователни победи. Муњоз, пак, се враќа на поразите и победи само на една од последните четир борби во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО