Џервонта Дејвис излезе од затвор

Американскиот непоразен боксер Џервонта Дејвис е ослободен од затвор.

Да потсетиме дека Џервонта Дејвис беше осуден на 90 дена домашен притвор поради напуштање на местото на сообраќајна несреќа. Дејвис ги прекршил условите и судот ја преиспита одлуката, ставајќи го боксерот во затвор.

Дејвис го отслужи остатокот од тримесечната казна во Градскиот затвор во Балтимор. Претходно беше објавено дека вилата на Дејвис била ограбена додека бил во затвор. Дејвис има скор од 29-0 во бокс и последен пат се бореше во април.

Џервонта го нокаутира Рајан Гарсија за неговата 27-ма победа со нокаут. Неговата иднина во боксот се уште е нејасна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spiritual Word (@spiritualword)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО