Џервонта Дејвис го победи Исак Круз и ја продолжи успешната низа

Непоразениот американски боксер Џервонта Дејвис стигна до својата 26-та професионална победа. Тенк го победи со судиска одлука Мексиканецот Исак Круз во Стејплс центарот во Лос Анџелес и на тој начин го одбрани редовниот шампионски појас на ВБА во лесна категорија.

Дејвис беше поактивен во текот на целиот меч и ударите беа попрецизни. Американецот на крајот има 11 удари и еден „пауер удар“ повеќе од неговиот противник.

Џервонта Дејвис имаше одлична контрола на борбата, а поведе на средината од мечот кога го подигна темпото и не му даде ни за момент одмор на Круз.

Мексиканецот на крајот тргна поагресивно и се обиде да го сврте резултатот. Судиите едногласно му ја доделија победата на Дејвис (116-112, 115-113, 115-113).

Џервонта Дејвис ја продолжи победничката серија чекајќи го следниот противник, веќе понуден Рајан Гарсија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО