Џејк Пол со судиска одлука го победи Нејт Дијаз, Аманда Серано се уште е недопирлива (ВИДЕО)

Познатиот јутјубер Џејк Пол стигна до нова победа во професионалната боксерска кариера.

Проблематичното дете го победи поранешниот борец на УФЦ Нејт Дијаз со едногласна одлука (98-91, 98-91 и 97-92) на големото настан во Далас.

Така Пол се врати со победа по единствениот пораз во кариерата кога во февруари загуби од Томи Фјури. Ова е негова седма победа.

Тоа беше првиот боксерски меч на Дијаз откако минатата година ја напушти најголемата светска ММА организација.

Пол доминираше во првата рунда, а десното око на Дијаз веднаш отече од силните удари.

Сепак, поранешниот борец на УФЦ ја издржа бурата што можеше да се види во четвртата рунда кога почна подобро да го удира противникот.

Во петтата рунда Пол ја врати контролата и упати одличен удар врз Дијаз кој заврши со нокдаун.

Ново возбудување беше понудено во осмата рунда кога Дијаз стартуваше бурно и му зададе добар удар кој го потреес Пол. Јутјуберот изгледаше малку уморен.

Деветтата рунда исто така беше преполна со акција, но перформансите на Пол беа многу подобри од претходните неколку рунди.

Финишот му припадна на Пол, се врати во ритам и повторно со силни удари го удри Дијаз, кој најмногу се бранеше и избегнуваше акција.

По мечот, поранешниот средношколски борач изјави дека е подготвен да се бори со Нејт Дијаз во ММА борба.

На истиот настан една од најдобрите боксерки во светот, Аманда Серано, убедливо победи против Хедер Харди.

По десет рунди Порториканката со едногласна одлука ја победи Американката и ги одбрани појасите во перо категорија на ВБА, ВБЦ, ИБФ, ВБО, ИБО и Ринг.

Тоа беше нивната втора борба и втора победа на Аманда Серано. Шампионката беше подобра и од Хедер Харди во 2019 година.

Ова беше 45-та победа на Аманда во кариерата и трета по ред по минатогодишниот пораз од Кејти Тејлор.

https://twitter.com/ClutchPoints/status/1688056351610818560?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1688055724285595648%7Ctwgr%5E1eb06e0598ac025e212bd08a6c93e59da84ca425%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2FClutchPoints%2Fstatus%2F1688055724285595648image%3Dhttps3A%2F%2Fabs.twimg.com%2Ferrors%2Flogo46x38.png

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО