Џастин Гејџи: Хабиб Нурмагомедов е лајнар

Џастин Гејџи збесна кога го погледна видеото во кое Хабиб Нурмагомедов ги тера бездомниците да прават склекови за пари. Ова се случи пред неколку години, при што непоразениот Дагестанец навлече гнев на себе од многу луѓеа. Гејџи и Хабиб влегуваат во кафезот викендов во главната борба на УФЦ 254 во Абу Даби на островот Јас.

Тие треба да ги обединат неприкосновената и привремена титула во лесна категорија. „Орелот“ го заложува непоразениот статус од 28 последователни победи. Гејџи влегува во борбата со серија од четири последователни победи со нокаут. Ова е најважната битка во неговата кариера и тој ќе го даде својот максимум.

„Психички се подготвував за оваа борба. Хабиб тренира борење уште од дете, исто како мене. Ќе биде војна. Секој пат кога разговарав со Хабиб, тој се чинеше како добар човек. Но, кога видов видео каде што натера бездомник да прави склекови, а потоа да му даде пари, тогаш помислив дека е лајнар.

https://www.instagram.com/p/CGheYbpCIxz/?utm_source=ig_embed

Викендов ќе биде вистинска наплата. Тој ќе биде во опасност во секое време во текот на 25 минути. Сè уште го сметам за кул пријател. Се сретнавме неколку пати и тој е доста лут. Ова е добро за него и секој треба да биде толку самоуверен“, рече Гејџи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО