Иранскиот хулк до Дана Вајт: Дај ми шанса и ќе убивам во УФЦ

Огромниот Иранец Сајад Гариби, попознат како „Ирански хулк“, побара шанса од најголемата ММА организација во светот.

Поранешниот кревач на тегови на социјалните мрежи изјави дека му е досадно од слаби и мали, сака шанса да убива во октагонот. Пред неколку недели откри дека го победил Ковид-19 и наскоро ќе дебитира во кафезот.

Гариби верува дека е подготвен да се натпреварува во УФЦ, но сака правилата да се променат затоа што тој ќе го убие својот противник. Сајад откри дека ќе го објави противникот за дебитантската борба во ММА во ноември.

„Некои од овие слаби и ситни борци навистина ми здодеаја. Дана Вајт, борбите во тешка категорија можат да бидат многу повозбудливи, верувајте ми. Јас сум целосно подготвен за нив. Само кажи ми кој е на мое ниво и мој стил и каде да го смачкам.

https://www.instagram.com/p/CGiCQ_YB0KO/

Влегувам во октагон за вистинска битка, а не за забава. Правилата мора да се променат, затоа што не можам да гарантирам дека мојот противник ќе преживее. Следниот месец ќе го објавам мојот прв противник на прес-конференција. Ќе биде до 180 килограми“, напиша Гариби.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО