Џарел Милер по четврти пат падна на допинг тест

Американскиот боксер Џерал Милер – Големото бебе падна на допинг тест по четврти пат во кариерата, пренесуваат американските медиуми. Милер требаше да боксува против Џери Фостер на девети јули, но тоа нема да се случи. „Големото бебе“ во 2018 година требаше да му биде предизвикувач на Британецот Ентони Џошуа за светската титула во тешка категорија, но и тогаш во оваа намера го спречи позитивниот допинг тест.

Милер немал професионален меч од октомври 2018 година, а во јуни минатата година требаше да го доживее врвот на својата боксерска кариера и да се бори за шампионскиот појас со Британецот. По паѓањето на тестот, Џошуа за противник го доби Енди Руиз Јуниор, кој на големо изненадување го нокаутира, но подоцна Џошуа му се реваншираше и си ги врати титулите.

Бидејќи Милер паѓа по четврти пат на допинг тест се очекува да му биде изречена строга казна.

Милер досега во професионалната кариера има 23 победи и еден пораз. Во четири од последните пет борби тој славеше против своите предизвикувачи – го нокаутираше Полјакот Мриуш Вах, Французинот Жоан Духоп го победи со едногласна одлука на судиит, а ги нокаутираше и Полјакот Томаш Адамек и Романецот Богдан Дину

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON