Мајк Пери го победи Мики Гал со одлука на судиите

Мајк Пери и Мики Гал се бореа во главната борба на УФЦ на ЕСПН 12, во Лас Вегас, а со одлука на судиите славеше Пери во лесна категорија.

Мајк немаше тренери во неговиот агол, само неговата нова девојка. Првата рунда изобилуваше со размена на удари, во кои Пери имаше предност пред противникот. Гал веруваше дека ќе има предност во пратер, но тоа не се случи.

После силните размени Пери ја префрли битката на партер, каде се обиде да направи завршница, но не успеа и до крајот на рундата забележа граунд и паунд. Во втората рунда, Пери се обидува стави крај на борбата со тешки удари. Гал се обидува да ја доведе битката во партер, но не успева. Пери, од друга страна, побара клинч и го испушти Гал на паретр. Мики испробува неколку зафати за пренос, но без успех. Мајк постигна граунд и паунд, а Гал со уште еден обид за завршница, но сепак не успеа.

Силна размена на удари, а на крајот на рундата со силен десен директ од Пери и Гал е во нокадаун. Пери се обидува да стави крај на борбата, но Гал го преживува крајот на рундата. Во третата рунда Пери продолжи да биде подобар, и во стој и во партер. Мајк доминираше последната рунда и битката дојде до одлука која беше едногласна во негова корист – (29-28, 29-28, 29-28). Со оваа победа, Пери ја прекина серијата од 2 последователни порази.

https://www.instagram.com/p/CB9nJJGn_Ps/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО