Двојниот шампион на КСВ Роберто Солдиќ преговара со УФЦ

Ѕвездата на КСВ, Роберто Солдиќ, се сретна со главниот бизнис директор на УФЦ, Хантер Кембел во Лондон. Ова се случи минатиот викенд за време на настанот на УФЦ, кој се одржа во Велика Британија. Солдиќ е еден од најдобрите ММА борци надвор од УФЦ.

27-годишниот борец од Хрватска е шампион во полусредна и средна категорија на полската КСВ. „Робокaп“ има скор 20-3 во ММА и е во серија од 7 последователни победи. Во својата последна борба ја нокаутира легендата Мамед Халидов и му ја одзеде титулата во средна категорија.

Роберто победи на 18 од своите натпревари со прекин, 17 со нокаут. Двапати загуби со одлука и еднаш со нокаут од Дрикус ду Плесис, но успеа да му се реваншира со нокаут. Солдиќ победи на 10 од своите средби во првата рунда.

Тој сонува да се докаже на највисоко ниво и против најдобрите. Роберто има само 1 преостаната борба од договорот со КСВ и речиси сигурно ќе го засили УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО