Две злата за Лилјана Недановска на џудо турнирот „Понтос“ во Солун

Лилјана Недановска од Џудо клубот Преспа вчера освои два златни медала на Меѓународниот турнир „Понтос“ во Солун, Грција.

Недановска медалите ги  освои во пионери и во кадети до 57 килограми.

„Нашиот џудист се прикажа во одлично светло со одлични борби. Посакуваме да продолжи со исто темпо“, велат од Преспа кој  настапи само со еден натпреварувач.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО