Две одличја за џудистите на Дрим на „Куп Дробета” во Романија

Џудистите на Дрим на Меѓународниот турнир „Куп Дробета” во Дробета Турну Северин, Романија, освоија две одличја во конкуренцијана 400 натпреварувачи од 7 држави.

Дрим настапи со 5 натпреварувачи, а со медали се закитија Анамарија Стојмиловска (-44 кг) сребрен и Христијан Глигороски (-81 кг) борнзен.

Од клубот велат дека одлични борби прикажале и Андреј Вељаноски, Андреј Симоноски и Васко Кицески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО