Две чудовишта ќе се борат во тешка категорија на ОНЕ: Анбрејкбл 2

Легендарниот Бразилец Маркус Алмеида е аут од битката со непоразениот сенегалски борач Умар Кејн, попознат во сенегалското борење како „Reug Reug“. Двајцата требаше да се борат на крајот на февруари, но плановите се менуваат.

Умар Кејн ќе дебитира на ОНЕ на 29 јануари. Тој ќе се бори во тешка категорија против друго чудовиште, Ален Нгалани. Ќе видиме дуел меѓу Камерунец и Сенегалец, а физичките параметри на двете чудовишта ветуваат спектакл.

„Reug Reug“ има 28 години и се прослави во сенегалското боррење, каде што беше ноќна мора за противниците. Дебитираше во ММА на крајот на 2019 година, притоа во втората рунда го нокаутира Букичу.

Нгалани има учинок од 4-5-1 во ММА и на почетокот на 2019 година загуби со нокаут од Шерил. На крајот на 2017 година Ален го нокаутира Секине за 11 секунди, што беше најбрза нокаут победа во историјата на ОНЕ.

45-годишниот борец заврши 3 од неговите битки, а петте поразе се со завршница. ОНЕ подготвуваше битка со легендата Витор Белфорт, но очигледно не се договорија.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО