Розенструик ќе се бори со Гане на УФЦ Фајт најт 187

УФЦ борците во тешка категорија, Жаирзињо Розенстурик и Сирил Гане ќе се борат на УФЦ настанот на 13 март. И двајцата имаат претензии за титулата и тој што ќе победи ќе се доближи до борба за појасот.

Розенстурик има учинок 11-1 во ММА, а почна многу ветувачки во УФЦ. Сепак, направи грешка предизвикувајќи го Френсис Нгану. Тие се бореа во мај минатата година и Нгану го нокаутира за 20 секунди. Жаирзињо се опорави и во август  го нокаутира Жуниор дош Сантос.

Гане, од друга страна, нема пораз и држи скор од 7-0 во ММА. Гане е поранешен шампион на ТКО во тешка категорија и заврши 6 од неговите борби. Дебитираше на крајот на 2019 година и до денес има 4 победи во УФЦ.

Сирил силно верува дека ќе биде шампион во УФЦ и ќе биде ставен на голем тест во оваа борба. Минатиот месец, Гене успеа да го нокаутира Жуниор дош Сантос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО