Две бронзи на „Марибор опен“ за нашите репрезентативци во џиу-џицу!

Dziu dzicu vo Slovenija seminar

Два бронзени медали освоија нашите натпреварувачи во џиу џицу на Меѓународниот турнирот во  „Марибор опен“ во Словенија. Тоа се Иван Трпковски во категоријата до 60 килограми во кадетска конкуренција и во јуниорска до 62 килограми, Александар Трајковски.

dziu dzica vo slovenija udar

– Исклучително тежок и квалитетен турнир. Поради бројноста на натпреварувачите турнирот се одржа во два дена, и тоа само во категориите деца, кадети и јуниори, вели претседателот на Македонската џиу-џица федерација, Алексанадар Ацевски..

Во категоријата на Никола Бошковски имало пријавено девет борци, тројца Словенци, двајца Италијанци, еден Австриец и двајца Срби. Иако категоријата била тешка, сепак Никола прикажал одлични борби.

-На сите им честитаме постигнатите резултати. Едно искуство повеќе за сите. Одиме кон нови победи и успеси, категоричен е Ацевски.

nasite so toplak vo slovenija

По турнирот, нашите натпреваувачи учествуваа и на семинарот по спортско џиу џицу, што го водел селекторот на словенската младинска репрезентација Горазд Топлак, носител на мајсторски појас 6 дан, и неговиот асистент, актуелен светски шампион во кадетска конкуренција, Тим Топлак.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО