Двајца кикбоксери на АС освоија шест медали на турнирот во Црна Гора

Со два златни, три сребрени и еден бронзен медал кик-боксинг клубот АС од Делчево се враќа од Меѓународниот турнир во кик-боксинг, кој викендов се одржува во Плевља, Црна Гора.

Според информациите на тренерот Љупчо Стојчевски, освен шесте медали за екипата, младиот Андреј Митков го освои и признанието за најдобар млад кадет на турнирот.

„На овој реномиран меѓународен турнир настапија нашите претставници Андреј Митков и Павел Стојчевски. Митков освои два златни медали во дисциплината поинт-фајт ( -42 кг и -47 кг), како и сребрен медал во кик-лајт (-42кг), со што го освои пехарот за најдобар млад кадет во дисциплината поинт-фајт. Павел Стојчевски освои два сребрени медали во поинт-фајт (-63 кг и -69 кг) јуниори и бронза во дисциплината кик-лајт (-63кг)“, информираше Стојчевски.

Според тренерот освоените медали се огромен успех за клубот од Делчево.

„Успехот е уште поголем ако се има во предвид дека ова е успешно враќање на Андреј Митков по повредата на левата рака“, додаде тренерот на делчевскиот кик-боксинг тим кој на Меѓународниот турнир во Црна Гора беше делегиран за судија на турнирот.

Екипата продолжува со свои настапи, а до крајот на годината, како што додаде тренерот, на клубот му престојат настапи на уште два турнири во Србија и Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО