Дубоа повторно почна да работи со Дон Чарлс

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Даниел Дубоа, објави дека повторно се соединува со тренерот Дон Чарлс, со кого се раздели по вториот пораз одАлександар Усик во јули минатата година.
Портпаролот на боксерот, Рис Кан, ја потврди веста на социјалните мрежи:
„По внимателно разгледување, Даниел одлучи да ја преиспита својата одлука и да се врати кај Дон Чарлс, под чие водство ги постигна своите најголеми успеси. Неговата следна борба ќе биде објавена навреме“.
Првата борба на Дубоа со Чарлс на чело заврши со пораз од Усик во 2023 година, но Британецот потоа забележа победи над Џарел Милер и Филип Хрговиќ, а во септември 2024 година го нокаутира Ентони Џошуа.
Тони Симс, со кого Дубоа соработуваше откако се раздели со Чарлс, исто така ја коментираше одлуката:
„Понекогаш боксерот и тренерот се создадени еден за друг. Мислам дека е добро што се врати кај Дон“.
Симс беше четвртиот тренер во професионалната кариера на Дубоа по Мартин Бауерс, Шејн Мекгиган и Дон Чарлс.



