На Државното првенство во кик бокс првиот ден немаше некои поголеми изнендувања кај сениорите во Неготино.
Бобан Илиоски (-75 кг) во лоу кик уште еднаш покажа дека нема кој да го загрози во Македонија, славејќи со нокаут во финалето.
Стојан Цветков (-86 кг) по паузата поради повредата тој имаше одлично враќање во лоу кик, освојувајќи ја титулата државен првак. Исто така и Дејан Ристевски не дозволи изнендување..
Ги чекаме официјалните резултати од КБФМ.
Кик бокс клубот Гладијатор и Кик боксинг федерацијата на Македонија Државното првенство му го посветија на младото момче Илија Таневски, кој во моментов е на лекување во Германија, но за се да се заврши како што треба му се потребни средства. На момчето од Неготино му требаат 50.000 евра, за да може да ја почне терапијата. Тој досега има една успешна операција, но му фалат уште средства.
Денеска околу 800 луѓе го следеа Државниот шампионат, така што и средствата од утре ќе бидат наменети за Таневски.
Ipon.mk/В.Д.