Државно првенство во карате: Олимпик спорт, Макпетрол, Ф. Гичин, Штип, Гладијатор, Кеикс со најмногу медали

Изминатиов викенд се одржа Државното првенство за кадети, јуниори и У-21 во Скопје кое беше изборно за Европското првенство во Финска, што ќе се одржи во август, на кое најуспешен клуб по број на освоени медали е Олимпик спорт со 12 медали – 9 златни, 1 сребрен и 2 бронзени, потоа следат Макпетрол со 9 медали – 4 златни, 4 сребрени и 1 бронзен, Фунакоши Гичин 11 (3-2-6).

Потоа следат Штип 8 (3-1-4), Гладијатор 7 (2-2-3), Кеикс 6 (2-2-2), Шампион 4 (2-2-0) итн.

На Државното првенство во салата на ООУ „Крсте Мисирков“ беа пријавени 50 клубови со 260 пријави на натпреварувачи. Најдобрите од секоја категорија ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство од 20 до 22 август во Тампере, Финска.

ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ

Извештај за пријави и пласмани на клубови

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО