
Џудо Клуб Дрим од Струга потпиша меморандум за соработка со „Порака нова“ – здружение зентар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост.
„Со овој меморандум се започнува соработка и дружење помеѓу двете здруженија како и имплементирање на џудо спортот кај лицата со попреченост, со цел подобрување на здравствените бенефити како и психомоторните способности преку тренинг, игра, забава и дружење.

Ова ќе биде уште еден доказ дека џудо спортот не познава бариери и граници.
Азра Дедиќ е европски првак од БиХ со попреченост, дали наредниот ќе биде од Македонија“, велат од ЏК Дрим.