Драган Велинов е шести на МОИ, загуби од Томас Барнс

Младиот македонски борач Драган Велинов (-100 кг) во конечниот пласман е шестопласиран на малдинските Олмписки игри во Буенос Аирес – Аргентина, откако ја загуби борбата за 5-то место против Томас Барнс од Австралија со 0-10, односно со технички туш.

Според нашите преставници од МОК, Велинов покажал дека има големо спортско срце и дека во иднина би можел да се носи со другите борачки имиња кои во моментов се подобри од него. Тој во текот на борбата го повредил коленото, но и покрај тоа што докторите предложиле прекин на борбата, Драган инсистира да продолжи и да ја заврши средбата. Неговата одлука е пропратена со силни аплаузи од полната сала, а аргентинската публика силно го бодрела до крајот на борбата.

Во неговата категорија златниот медал го освои Сергеј Козирев (Русија), сребрениот Абас Заре (Иран) и бронзениот медал Елсајед Халил (Египет).

Да потсетиме дека Велинов претходно ги загуби и двете борби. Во првата загуби со туш од мексиканскиот борач Орозко Кортес, а потоа и од шампионот Сергеј Козирев од Русија, исто така со туш.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО