Дознајте колку Мек Грегор заработува по секунда – Кристијано Роналдо не е ниту блиску до него!

Mek Gregor so kup pari

Без разлика на тоа какво мислење имате за Конор Мек Грегор, не постои сомнеж дека човекот знае што е вистински договор. Според пресметките на експертите единствениот спортист кој според помината секунда во „канцеларијата“ заработува повеќе од ирската ѕвезда е, погодивте, Флојд Мејведер Јуниор

Луѓето од Експерт маркет како основа за пресметка на профитот ги земале последните два меча на Мек Грегор (13,5 милиони долари) и дошле до интересни бројки. „Д’Ноториус“ за секунда помината во октагонот заработува дури и 32.000 долари. Импресивно, но Мек Грегор има уште многу работа ако мисли да ја претсигне боксерската легенда. „Мани“ Мејведер на последните две средби по секунда заработи двојно повеќе, 66.000 долари.

Ништо полоша од Мекгрегор не е и поранешената банатам шампионка, Ронда Русеј, со 28.000 долари, а пред поразот од Холи Холм таа бројка беше многу поголема, што е и логично со оглед на серијата на Ронда на молскавични победи кои претходеа на УФЦ 193. Зад кралица на женското MMA е Луис Хамилтон ($ 358), а потоа Кристијано Роналдо ($ 180) и Усаин Болт ($ 95).

Paricna lista

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО