Дош Ањош ја брани титулата на уФЦ против Алаврез

dos anjos alvarez

По повредата мораше да ja откаже борба со Конор Мек Грегор, Рафаел дош Ањош титулата во лесна категорија на УФЦ ќе ја брани во јули.

Бразилецот (31г.) во втората одбрана на титулата на 7 јули во Лас Вегас ќе се сретне со поранешниот шампион на Белатор, Еди Алварез.

По поразот на Доналд Кероне во дебито на УФЦ, Алварез со поделена одлука на судиите го доби Жилберт Мелендез и Ентони Петис.

Станува збор за настанот Фајт најт 90, кој ќе се одржи два дена пред УФЦ 200. Еден ден пред УФЦ 200 на распоредот е финалето Ултимејт фајтер: Тим Џоана – Тим Клаудија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО