Доналд Цероне: Не е вистина дека ми плаќат за да загубам од Мек Грегор

Доналд Цероне никогаш не се предава без борба во кафезот и нема да го направи тоа. Каубој е незадоволен од оние што велат дека УФЦ ќе му плати да му попушти на Конор Мек Грегор во битката и да одлучи да зборува за тоа. Тој и поранешниот двократен шампион ќе се борат во главната борба на УФЦ 246 во јануари, а многумина веруваат дека Ирецот намерно го избра Цероне, затоа што бил предизвикувач по мерка.

Сепак, Доналд не е на исто мислење и нема да се продаде по секоја цена. Ќе се подготви за војна во кафезот и нема да дозволи Конор да помине меѓу со лесна победа.

„Во никој случај нема лесно да се откажам. Се зборува за многу глупости, а луѓето ми велат дека ќе земам пари за да изгубам од Мек Грегор. Нема доволно пари на овој свет што ќе ми бидат понудени за да поткклекнам во борбата. Никогаш не би се погледнал во огледалото по вакво нешто. Тоа нема да се случи.

Повеќе сакам да се борам без пари, наместо да земам пари за да изгубам. Овие работи не се за мене. Ќе му го скршам газот во борбтаа, како и секогаш. Не знам каде е моето место, но сепак сум меѓу најдобрите борци. Не губам од самобендисани.

Го очекувам најдоброто од Мек Грегор. Има многу луѓе кои се сомневаат во него и на многу прашања на кои треба да одговори. Мислам дека Конор тренира многу напорно и ќе ја видиме неговата најдобра верзија“.

https://www.instagram.com/tv/B6TJGt3htPk/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО