За олимпискиот шампион Шабан Трстена ќе се снима долгометражен документарен филм насловен како„Шампион“.
Агенцијата за филм одвои 50 илјади евра за реализацијата на документраниот филм за освојувачоте на златниот медал на Олимписките игри во Лос Аџелес во 1984 година во борење во слободен стил.
„Шампион“ ќе го работи продуцентската куќа „Скопје филм“, а за оваа прилика е собран и шампионски тим Игор Иванов – Изи – режисер, Сашко Насев – сценарист во соработка со шампионот Шабан Трстена, а продуцент е Тони Салковски.
Филмот ќе ги опфати животот и делото на единствениот македонски олимписки шампион.
Да потсетиме дека на 7 декември ќе се прмовира книгата за Трстена „Патот на олимпискиот шампион“.
Ipon.mk/В.Д.