Скопје, Лозана и Токио кандидати за постдипломски студии за спортски менаџмент?

Olimpiski krugovi

Македонскиот олимписки комитет (МОК) поднесе кандидатура Скопје и Македонија во мај 2019 година да бидат домаќини на постдипломските студии за спортски менаџмент на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
Програмата што е поддржана од ИОК и од Европскиот олимписки комитет (ЕОК) треба да се одржи во три града, Скопје, Лозана и Токио и е водена од 12 најдобри светски спортски универзитети. Во моментов таа програма ја води католичкиот универзитет во Лувен, Белгија, кој е основан во 1425 година.

Следата година МОК ќе биде домаќин на меѓународна конференција со предлог-тема од МОК, „Автономија и независност на меѓународните и националните спортски организации на глобално ниво“ на која ќе присуствуваат челниците на ИОК, ЕОК, од Спортско-арбитражниот суд (САС) и од Светската антидопинг агенција (ВАДА).

Се очекува присуство и на луѓе од организациските комитети (ОК) на Летните олимписки игри (ЛОИ) годинава во Рио и во 2020 година во Токио, како и на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2018 година во Пјончанг и во 2022 година во Пекинг. На конференцијата би требало да дојдат и луѓе од ИК на градовите-кандидати за домаќини на ЛОИ 2024, Лос Анџелес (САД), Будимпешта (Унгарија) и на Париз (Франција).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО