Договорена е борбата Головкин-Канело (ВИДЕО)

Сол Алварез по победата над Хулио Цезар Чавез Јуниор го најави она што долго време се чекаше.

Канело објави дека во септември ќе се бори со шампионот во средна категорија ГенадијГоловкин.

„Головкин, ти си следниот, пријателу. Да, господине,  договорено е“, му рече Мексиканецот на Макс Келерман од ХБО.

Казахстанецот потоа во проврестлин стил тргна кон рингот со одобрение на Т-Мобиле арената во Лас Вегас и се соочи со Мексиканецот во рингот.

Борбата ќе се одржи на 16 септември.

„Многу возбуден. Во септември јас го носам мексиканскиот стил. Голема драма … Честитки до Канело, изгледаше добро. Мислам дека сите се возбудени“, додаде ГГГ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО