Договорен боксерски меч меѓу Џејк Пол и Нејт Дијаз

Познатиот Јутјубер Џејк Пол загуби боксерски меч против Томи Фјури на крајот на февруари, по шест победи во низа.

Тоа беше прв пораз во кариерата за поранешната ѕвезда на Дизни, а сега му претстои уште еден сериозен противник.

Имено, Пол договорил боксерски меч против поранешниот УФЦ борец Нејт Дијаз. Натпреварот ќе се одржи на 6 август во Далас.

Американскиот ММА борец често изразуваше желба да боксира против Џејк во последните месеци пред крајот на договорот со УФЦ.

Последната ММА борба Дијаз ја имаше во септември минатата година кога го победи Тони Фергусон со завршница.

„Џејк Пол е најголемото име во боксот во моментов покрај Канело и јас ќе го победам. Јас сум крал на сите боречки вештини. На крајот на краиштата, сакам да ги вратам појасите во УФЦ. Доаѓам како супер херој“, изјави Нејт Дијаз, а се јави и Џејк Пол:

„Последната борба не заврши како што очекував, а тој резултат е најдоброто нешто што можеше да се случи во мојата кариера. Сега сите мислат дека сум ранлив, но грешат. Мојот тим бараше лесна борба против КСИ, но јас не го сакав тоа. Нејт Дијаз е еден од најопасните борци во историјата“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jake Paul (@jakepaul)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО