Херн верува дека Нгану не е подготвен да се бори со најдобрите: Па, Фјури би си поигрувал со него

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану, сака да ја продолжи кариерата во бокс, и се надева дека ќе дебитира во рингот оваа година.

Камерунецот отсекогаш сакал да боксира, а тоа беше еден од условите за продолжување на договорот со УФЦ.

Бидејќи промоцијата не сакаше да му го дозволи тоа, камерунскиот удирач ја напушти организацијата на почетокот на годината.

Веќе беше познато дека Нгану сака да боксира со шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, а потоа во играта се приклучија и неколку други врвни тешкаши, меѓу кои Дионтеј Вајлдер, Ентони Џошуа…

Боксерскиот промотор Еди Херн верува дека некој како Фјури едноставно би си поиграл со Нгану и верува дека нема да има шанси против ниту еден тешкаш во Топ 20.

Тој, исто така, признава дека последниот настап на Џошуа против Френклин им дал на некои ММА експерти трошка надеж дека Нгану има шанса да го шокира поранешниот шампион.

„Ниту за милион години не може да се бори против најдобрите боксери со боксерските вештини на Френсис Нгану и таквото боречко педигре. Не само со Еј Џеј, туку со кој било во тешка категорија од Топ 20. Единственото нешто што може да направи е да нокаутира некого. На Нгану не му треба меч против Фјури, кој би си играл со него. Френсис не би имал шанса ниту против Џошуа, Вајлдер, Вајт, Чисора, Френклин“, изјави Еди Херн како гостин во ММА Час, и даде интересен осврт на неодамнешниот меч во кој Ентони Џошуа го победи Џермејн Френклин:

„Признавам, познавачите на ММА би му дале многу подобра шанса на Френсис Нгану на мечот против Еј Џеј по неговиот последен настап против Френклин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО